ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

Прво обраќање на Јакимовски по поразот: ВМРО-ДПМНЕ, не победивте во Карпош, го украдовте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library19pitv55ru2h9qrvkaL
FB

Во првото обраќање по завршување на вториот круг од изборите, сега веќе поранешниот градоначалник, Стевче Јакимовски упати низа обвинувања. Во подолга објава на ФБ, тој го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека победата е украдена.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!

На секои избори некој мора да победи, некој да загуби. Коректно е на победникот да му се честита и да се признае поразот. Ниту признав! Ниту му честитав на новиот! Зошто? Затоа што борбата не беше витешка, туку кукавичка. Граѓаните на општина Карпош не заслужуваат не фер игра. Од 2000 година, па наваму, сите избори биле кристално чисти. Еден глас немам уценето, купено или на некого да сум му се заканил. Победите биле чесни и израз на вољата на граѓаните. Поразот од 2017 година истата вечер го признав и му честитав на тогашниот победник Богоев. Затоа што победија чесно, без далавери.

— реклама —

Може ли да се збори за чиста победа ако ја искривуваш волјата на гласачите? Се собравте цела влада, најголемите олигарси кои тежат над милијарда, со Фондот за здравство, лекари без достоинство, на платен список на олигархот. Купивте ромски гласови, купивте албански гласови во Нерези, ама таму плативте мноогу поскапо! Оти ромските души се поевтини, за вас секако. Ги вклучивте сите дилери на дрога кои цел месец ги хранеа консументите на белиот прашак. Ги плативте долговите во кладилниците на сите оние што лебот го вадат од кладење. Само и само да гласаат за сенката на Мицкоски.

За одземање на лична карта на гласачи кои би гласале за мене плаќавте педесет евра. А на оние што ќе однесат и ќе стават во кутијата гласачко ливче заокружено со број 9 и ќе вратат празно 100 евра. Крадевте ливчиња, правевте бугарски воз, вашите инсталации во избирачките одбори даваа по две ливчиња, а тоа значи да гласа за двајца. Фолираа дека наводно им се утнало под рака двојно ливче. Делевте брашно, уценувавте, се заканувавте...

Сите медиуми беа ваши. Без било каква моја реклама во вториот изборен круг. Цели избори ги поминав без ќор банер или било каква реклама на порталите. Блокада од телевизиите со национална фрекфенција, освен две соочувања и едно интервју кое требаше да биде дебата. Тоа беше вистински одраз на демократскиот амбиент во кој што Карпош требаше да се бори против вашите „кинења на зелени“, секој збор промашување, демонстрирање на раскошно незнаење, обвинител задолжен за избори кој мирно следеше купување на гласачи иако за тоа имаше јавна потврда. Имаше две илјади и деветстотини неважечки ливчиња! Ги прогласивте за невачки сите ливчиња каде што јасно гласачот ја изразил својата воља дека гласа за мене!

И најбитното! Не јас, туку вие, направивте полујавна непринципиелна коалиција! Значи не се здружија партиите, симпатизерите и членовите, туку нивните водачи! Не против мене, туку против цитирам: „Најубавата, најурбаната и најпосакуваната општина!“ Впрочем, ова го изјавуваше вашиот академик Лукровски. Во оваа иста општина, два месеца ноќно време го истоваравте ѓубрето со камиони од Сарај и Ѓорче Петров. Што би рекол Хари Мата Хари „ко лопов се крадеш“.

И...?

И, кој ви е резултатот!? На една страна јас, мојот пи-ар, снимателот со телефончето, шоферот и граѓаните. А на другата страна сите вие. „Чесните“. И што постигнавте? Илјада и стотина мизерни ливчиња повеќе. Не ме победивте мене, туку ги надитривте граѓаните на Карпош. И нечесното ќе се памети за секогаш.

Сосема за крај. Слично вака, вие од ВМРО-ДПМНЕ 1999 година на претседателските избори, со крадење, силување, тепање, со скршени вилици и черепи, му ја украдовте победата на Тито Петковски и го устоличивте за претседател вашиот Борис Трајковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqap3k0h9r0c8fZHGgiC

Голомразица во Нерези, екипи на терен

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

Што имот пријавил градоначалникот на Карпош: Станови, акции и оружје во анкетниот лист на Лукровски

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybqtobm0j93tu1lX4euN

Левица – Карпош бара темелна ревизија на сите ДУП-ови и сериозни средства во буџетот за 2026

Скопје | пред 1 месец

bez-voda

Делови од Карпош и Шуто Оризари без вода

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања