Регионален гигант пред колапс: Немаат ни за струја, се заканува еколошка катастрофа
Регионален индустриски гигант е пред гаснење, а поради големи долгови се планира во понеделник да ѝ биде исклучена електричната енергија на компанијата Нова Железара Зеница, што може да предизвика прекин на работата, сериозни ризици и можна еколошка катастрофа.Како што дознава Klix.ba, надлежните се предупредени за можност од хаварија, а институциите се веќе информирани за состојбата.Пред 15 дена е добиена опомена за долгови за греење и гас. Во средата бил одржан состанок на кој се воделе тешки разговори поради долговите и неможноста за исполнување на обврските.Поради сериозноста на ситуацијата, известени се сите надлежни институции, извршен е увид на терен за да се предупредат одговорните за можните последици од исклучувањето на струјата, а поднесен е и план на кризен штаб со цел да се спречи хаварија и поголема материјална штета.Во меѓувреме, покрената е постапка пред суд, по што ќе се донесе одлука со која располагањето со имотот на Нова Железара Зеница ќе биде условено со согласност.Исклучувањето на струјата е планирано за понеделник доколку долговите не бидат подмирени. Официјалните лица предупредуваат дека ваквиот потег може да предизвика сериозни проблеми во функционирањето на системот, како и потенцијална штета врз имотот и безбедноста на работниците.Претходно, од Нова Железара соопштија дека нивното работење е сериозно загрозено, а недостигот од заштитни мерки во увозот и извозот на челик дополнително ја влошува состојбата, поради што затворањето на компанијата станува сè поизвесно.
Свет | пред 1 седмица