„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

животна средина

medziti-2

Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Македонија | пред 1 година

lashkoska-1-1

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево, обезбедуваме питка вода за секој поединец

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Скопје Вероник Улман и градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, денеска присуствуваа на свеченоста по повод официјалното пуштање во употреба на пречистителната станица за вода за пиење во с. Тработивиште, oпштина Делчево со што и официјално завршува проектот „Подобрување на водоснабдувањето во Делчево “.Истакнувајќи дека инвестирањето во водоснабдителниот систeм на општина Делчево значи остварување на стратешките определби на Министерството за животна средина и на Владата за обезбедување пристап до чиста вода за пиење до секој жител во државава, заменик министерката Лашкоска информираше дека МЖСПП во овој проект учествува со средства во висина од 1.6 милиони швајцарски франци искористени за реконструкција проширување на постојната водоснабдителна мрежа за селата Ѕвегор и Габрово и нивно приклучување на водоводната мрежа во о. Делчево. Инаку најголемиот дел од инвестициите се обезбедени од страна на Швајцарската влада (7 милиони франци), а контрибуцијата на општина Делчево е во висина од 40 илјади швајцарски франци.„Успешното завршување на проектот „ Подобрување на водоснабдувањето во Делчево“ е пример како со заеднички напори и системски пристап може се постигнат трајни решенија за одржлива употреба и зачувување на природните ресурси, преку воспоставување на квалитетен систем за водоснабдување“ рече Лашкоска во обраќањето, додавајќи дека проектот за време на неговата реализација се прилагодувал на најновите социо-економски промени и за работа ги искористил најдобродостапните технологии засновани на обновливи извори на енергија со што се потврдува дека определбата на државата за зелена транзиција и одржлив развој преку ориентираност кон обновливи извори на енергија веќе се широко прифатени и се применуваат.Лашкоска информираше дека системот за водоснабдување за селата Ѕвегор и Габрово и нивно поврзување со водоснабдителниот систем на Делчево е во фаза на тестирање и во најскоро време се очекува да профункционира. Таа истакна дека Владата преку најновиот повик за помош на општините ја поддржал општина Делчево со неколку дополнителни проекти и искажа очекувања дека добрата соработка со општина Делчево во делот на водоснабдувањето, ќе продолжи и во реализација на започнатите процесите за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што ќе се надминат двата најголеми предизвика, водата и отпадот.„Пристапот до вода за пиење е основно човеково право. Властите, во партнерство со граѓаните, сносат одговорност да преземат суштински чекори за промовирање и заштита на ова право. Сепак, остварувањето на ова право е сложено и бара значителни финансиски ресурси, техничка експертиза, силна политичка посветеност за решавање на потребите на граѓаните и взаемна доверба меѓу граѓаните и властите“ изјави амбасадорката Вероник Улман додавајќи дека со задоволство ги гледа резултатите од проектот „Чиста вода за Делчево“. Проектот, како што напомена таа, опфаќа изградба на пречистителна станица за вода, подобрување на водоводната мрежа и зајакнување на Јавното претпријатие.„За да се обезбеди одржливост на овие напори, од клучно значење е претпријатието ефикасно да управува со пречистителната станица и граѓаните да поддржуваат квалитетни услуги преку плаќања. Швајцарија останува посветена на поддршката на Северна Македонија во подобрувањето на услугите за водоснабдување и канализација“, порача амбасадорката Улман.Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски истакна дека ова е најголема инвестиција во Делчево и околните населени места и највредниот проект што е реализиран во оваа општина.Успешната реализација и добрите резултати на проектот се пример како со добра соработка помеѓу општина Делчево, Јавното претпријатие, Швајцарија и Министерството за животна средина и просторно планирање може да се постигнат зацртаните цели во корист на граѓаните.Владата на Швајцарската Конфедерација повеќе од 30 години континуирано ја поддржува заштитата на животната средина на Македонија и е еден од најголемите билатерални донатори во изминатава декада.

Македонија | пред 1 година

25102024-Medjiti

Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити денеска учествуваше на панел дискусијата „100% посветени за тебе" на која кој се осврна на најактуелните прашања во животната средина.Меџити во своето обраќање истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се соочуваат со бројни предизвици во животната средина вовреме на енергетска криза, децениско загадување на амбиенталниот воздух, отстранување на историскиот отпад, справување со проблемите на управувањето со отпадот, обезбедување на инфраструктура за водоснабдување, одведување на отпадни води и нивно пречистување и заштита на природните вредности и биодиверзитетот.„Нашата неприкосновена определба е обезбедување одржлив развој и членството во ЕУ и на тој пат мора да покажеме подготвеност за имплементирање на високите европски стандарди во оваа област, која бара многу работа, интерсекторска соработка и многу финансиски средствата“, рече Меџити, нагласувајќи дека министерството и Владата се подготвени да се соочат со предизвиците во животната средина.На овој панел првиот заменик-претседател на Владата Меџити се задржа на два најактуелни проблеми, загадувањето на воздухот и воспоставувањето на системот за регионално управување со отпад.„За справување со загадувањето на воздухот делуваме во повеќе насоки согласно дефинираните мерки пропишани во националните и локалните плански документи, а тоа се замена на нееколошки системи за греење, намалување на емисиите од сообраќајот, намалување на емисиите од стационарните извори, подобрување на енергетската ефикасност, заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија, намалување на емисиите од отпадот“, рече Меџити.Во своето излагање Меџити нагласи дека министерството со средства од националниот буџет, од Европска Унија и други билатерални донатори активно работи на модернизација, обнова и проширување на Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух и тој е во добра кондиција.Потсетувајќи дека со децентрализацијата најголемиот дел од оперативните зафати се обврска на локалните самоуправи, вклучително и справување со изворите на загадувањето на воздухот, Меџити истакна дека министерство ги подржува Единиците на локална самоуправа во подготовката на Плановите за квалитет на воздух што е нивна законска обврска.Исто така, преку Програмата за инвестиции во животната средина финансираше и изработка на катастри на загадувачи на воздухот за седумнаесет општини, кои што овозможуваат идентификација на изворите на загадување на воздухот и утврдување на количините на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, што е предуслов за приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето.Поддршка се обезбедува и од меѓународните донатори и агенции. Во тек е изработка на планови за квалитет на воздух за Струмица и ажурирање на плановите за Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ имплементиран од страна на УНДП, а во рамки на ИПА 3 проектот „ЕУ за Чист воздух“, чија главна цел e да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Северна Македонија и намалување на ризиците по здравјето на луѓето, односно да се подобри квалитетот на воздухот во четири големи градови во Северна Македонија (Скопје, Битола, Тетово и Куманово), се предвидени следните активности: промена на системите за греење во 70 јавни објекти во четири општини.Првиот заменик-претседател на Владата: Скопје, Битола, Тетово и Куманово, набавка на 6 еколошки автобуси за поддршка на јавниот превоз во Скопје, набавка на 6.000 садници и нивна дистрибуција во четирите градови, изработка на физибилити студија за натамошно проширување на топлификационата мрежа во Скопје, набавка на опрема за мониторинг на воздух.Дополнително, во време на грејната сезона кога редовно се забележува зголемена концентрација на загадувачки супстанци во воздухот, Министерството заедно со Државниот инспекторат за животна средина планира спроведување вонредни и континуирани посети на индустриските капацитети за кои МЖСПП има издадено А-Интегрирана еколошка дозвола со цел да се зголеми внимателност при исполнувањето на обврските од дозволите.Во делот посветен на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, првиот вицепремиер и министер за животна средина Меџити нагласи дека справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалниот систем за управување со отпад. Согласно националните политики и стратешки плански документи во државата ќе се воспостават 5 регионални системи за управување со отпад.Со поддршка на Европската Унија, направен е исчекор напред во Источниот и Североисточниот регион и неодамна е објавен оглас за јавна набавка за изградба на централна постројка за управување со отпад и изградба на 6 претоварни станици за овие региони.„За на крај ќе напоменам дека течат фазите за затварање на нестандардните депонии, а во тек е набавка на опрема за собирање на отпад и возила и за другите региони“, истакна Меџити.

пред 1 година

medziti-2-1

Средба Меџити-Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го прими амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ.Амбасадорот Миљаниќ му честиташе на вицепремиерот Меџити за неговата нова функција и ја оцени оваа средба како одлична можност да се истакне важноста на односите и да се зајакне соработката меѓу двете држави.Тие разговараа за можностите за економски развој преку соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора. Беше нагласена потребата од идентификување заеднички проекти што ќе ги промовираат инвестициите и ќе придонесат за одржлив раст на економиите на двете држави. Меџити и Миљаниќ се сложија дека секторите туризам, енергетика и земјоделството нудат голем потенцијал за соработка.Друга важна заедничка точка во разговорите беше патот кон членство во Европската Унија. Двете земји се посветени на исполнувањето на потребните критериуми и унапредување на реформските процеси, при што заемната соработка ќе биде клучна за постигнување на оваа заедничка цел.Исто така, вицепремирот Меџити ја потврди својата и посветеноста на институциите за зајакнување на односите со Црна Гора и за заедничка работа кон успешна иднина во Европа.

Македонија | пред 1 година

lashkoska-2

Лашкоска: Прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.Настанот претставува можност нашата држава да ги претстави приоритетите и да придонесе за обликување на стратешката насока на идната работа на Конвенцијата.Лашкоска имаше свое обраќање во рамки на Сесијата: Нашите води - наша иднина, каде ги изнесе искуствата од меѓуграничното управување со водите во функција на климатските промени.Според неа, прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава, со оглед на заедничките водни ресурси со кои изобилува регионот.- Придобивките од прекуграничната соработка се јасни: со заедничко работење, ние сме способни подобро да ги анализираме и да управуваме со заедничките климатски ризици, да ги намалиме неизвесностите преку размена на критични податоци и да развиеме координирани стратегии од кои имаат корист сите држави во сливот – истакна Лашкоска.Како одличен пример за успешна меѓународна соработка и регионален дијалог, таа ја наведе соработката околу Дримскиот басен, кој ја поврзува Северна Македонија со Албанија, Грција, Косово и Црна Гора.- Дримскиот процес значително ги подобри институционалните капацитети и прекуграничната соработка преку воспоставување заеднички тела за прекугранично управување, споделување податоци и развивање стратешки акционен план кој вклучува мерки за отпорност на климата – рече Лашкоска во своето обраќање.Таа додаде и дека ваквите дијалози се клучни за идентификување решенија и можности за соработка, а со фокусирање на заедничките предизвици, може да се искористат придобивките од соработката, од забрзан економски раст и подобрена благосостојба на човекот, до зголемена еколошка одржливост и политичка стабилност.Десеттата сесија на Состанокот на страните се смета за клучна пресвртница за Конвенцијата за води, како и во прегледот на нејзиниот придонес за решавање на тројната планетарна криза.Настанот вклучува сегмент на високо ниво, општ сегмент и споредни настани, на кои се разговара за поврзани теми како што се адаптација на климатските промени, управување од извор до море, меѓусекторска соработка и финансирање на соработката во вода. Се очекува Страните на Конвенцијата за води да усвојат иновативна нова програма за работа за периодот 2025-2027 година, која помага да се реши тројната планетарна криза, како и да донесат други одлуки, вклучително и одлуки за развој на поодржлив и попредвидлив механизам за финансирање на Конвенцијата.Настанот е во организација на Владата на Словенија и Секретаријатот на Конвенцијата за заштита и користење на прекугранични водни текови и меѓународни езера (Конвенција за вода), чиј домаќин е UNECE.

Македонија | пред 1 година

IM_2

Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

Македонија | пред 1 година

mdziti-usaid-2

Меџити: УСАИД е вклучена во многу проекти во екологијата во Северна Македонија кои ја подобруваат животната средина

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) предводена од Јери Дибле, претставник за Северна Македонија.Јери Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата.

Македонија | пред 1 година

3-1

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

Во рамки на Берлинскиот процес и одбележување на неговата 10-годишнина, денес во Хамбург се одржа прв годишен Министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан, на која учествуваше заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.На состанокот земјите од Западен Балкан реферираа за степенот на имплементација за Зелената Агенда.Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска нагласи дека Македонија ја препознава Зелената Агенда како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредокот кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во регионот.Во таа насока, таа додаде дека сме посветени на спроведување на Зелената агенда и исполнување на обврските од сите пет столбови на АКЦИСКИОТ ПЛАН за Зелена Агенда за Западен Балкан - декарбонизација, циркуларна економија, намалување на загадување, одржливо земјоделство и производство на храна и биодиверзитет.На средбата Лашкоска ја изрази нашата поддршка и одобрување за донесување на Заедничката изјава од првиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан - Декларација од Хамбург и на Регионален акциски план за спроведување на Заедничката изјава за спречување на загадување од пластика, вклучително и морски отпад, како и Патоказ за адаптација на климатските промени за Западен Балкан.

Македонија | пред 1 година

1-1

Лашкоска: Споредбените анализи ни помагаат во дефинирање на приоритетите, перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори настанот „Изгледите за конкурентност на Западен Балкан за 2024 година“ на кој беа презентирани специфичните клучни наоди за економскиот профил на нашата држава од евалуацијата спроведена во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).- Од страната на МЖСПП, имплементираме многу проекти подржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои имаме и големи инфраструктурни проекти вклучени во националните стратегии, за кои е потребна здрава економија – истакна Лашкоска во своето обраќање.Според неа, МЖСПП веќе има постигнато значителен напредок во областа на животната средина, но остануваат уште многу предизвици во спроведувањето на проектите и политките.- Затоа алатката создадена од податоците пренесени од евалуцијата, ќе ни покаже во кои области ќе треба да ставиме приоритет. Таа евалуација ќе ни даде можност да се споредиме со другите земји од регионот, но и со земјите членки на ЕУ и ОЕЦД во правец на подобрување на нашите општи политики за владеење – рече заменик министерката.На настанот се дискутираше за главните постигнувања и предизвици во економијата на нашата земја, за перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија, поттикнувањето на одржлив раст и забрзување на нејзиното приближување кон земјите членки на ЕУ и ОЕЦД.Дискусиите беа насочени и кон економските перформанси во политиките за животна средина и споделувањето на најновите насоки и стандарди за политики на ОЕЦД.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања