Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
3-1

Во рамки на Берлинскиот процес и одбележување на неговата 10-годишнина, денес во Хамбург се одржа прв годишен Министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан, на која учествуваше заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.

— реклама —

На состанокот земјите од Западен Балкан реферираа за степенот на имплементација за Зелената Агенда.

— реклама —

Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска нагласи дека Македонија ја препознава Зелената Агенда како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредокот кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во регионот.

— реклама —

Во таа насока, таа додаде дека сме посветени на спроведување на Зелената агенда и исполнување на обврските од сите пет столбови на АКЦИСКИОТ ПЛАН за Зелена Агенда за Западен Балкан - декарбонизација, циркуларна економија, намалување на загадување, одржливо земјоделство и производство на храна и биодиверзитет.

На средбата Лашкоска ја изрази нашата поддршка и одобрување за донесување на Заедничката изјава од првиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан - Декларација од Хамбург и на Регионален акциски план за спроведување на Заедничката изјава за спречување на загадување од пластика, вклучително и морски отпад, како и Патоказ за адаптација на климатските промени за Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izet-medziti

Победа за жителите на Страчинце – стопирана дозволата за каменолом

Скопје | пред 5 месеци

izet-medziti

Меџити: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Македонија | пред 1 година

cop-29-1

Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања