Пациентите кои ќе прележат омикрон создаваат антитела против делта сојот, вели Докиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dokic

Пациентите коишто ќе го прележат омикрон сојот на коронавирусот создаваат антитела што ги штитат од делта сојот, но оние пациенти што прележале делта сој, не се целосно заштитени од омикрон сојот, вели д-р Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија во разговор за Канал 5.

— реклама —

Тој објаснува дека најчестите симптоми на инфекција со омикрон сојот на коронавирусот се променет вкус, сува кашлица, главоболка и губење на енергијата.

— реклама —

– Кашлицата се должи најверојатно на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат соголени и подложни на разни надворешни фактори. Значи, омикрон сојот не ги напаѓа белите дробови, туку само горните респираторни патишта и има полесна клиничка слика, но она што е важно е граѓаните сами да не се лекуваат и да не пијат антибиотици на своја рака. Коронавирусот ќе остане да живее меѓу нас, но засега сојот омикрон би требало да биде полесен и да го надвладее делта сојот, кој дава потешка клиничка слика кај пациентите. Лицата коишто ќе прележат омикрон создаваат антитела кои ги штитат од делта сојот, меѓутоа лицата коишто претходно прележале делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против омикрон – објаснува д-р Докиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања