Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пад на цената на нафтата: Брент нафтата под 79 долари за барел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Европските финансиски пазари денеска бележат претежно негативни движења, додека цените на нафтата продолжија да се намалуваат по последните случувања на светските берзи.

— реклама —

Според најновите податоци, американската сурова нафта WTI поевтини за 1,03 проценти и утрово се тргуваше по цена од 75,23 долари за барел. Во исто време, цената на нафтата Брент се намали за 0,66 проценти и достигна 78,44 долари за барел.

На европските берзи, германскиот индекс DAX забележа пад од 0,40 проценти, додека британскиот FTSE 100 ослабе за 0,10 проценти. Францускиот CAC 40 беше единствениот меѓу водечките индекси што оствари минимален раст од 0,04 проценти.

— реклама —

На девизниот пазар, еврото се тргуваше по курс од 1,1607 долари.

— реклама —

Цената на златото исто така бележи благо намалување од 0,13 проценти и изнесува 4.350 долари за унца. За разлика од благородниот метал, пченицата поскапе за 0,49 проценти и достигна цена од 598,90 долари за бушел.

На Волстрит, тргувањето заврши со мешани резултати. Индексот Dow Jones порасна за 0,64 проценти и достигна 51.999,67 поени. Од друга страна, S&P 500 загуби 0,57 проценти, спуштајќи се на 7.511,35 поени, додека технолошкиот Nasdaq забележа најголем пад од 1,15 проценти и се затвори на 26.376,34 поени.

— реклама —

Аналитичарите посочуваат дека инвеститорите и натаму внимателно ги следат глобалните економски и геополитички случувања, кои продолжуваат да влијаат врз движењата на финансиските пазари и цените на енергенсите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 1 седмица

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања