Промени тема
Контакт

Пад на индустриското производство во еврозоната и ЕУ во август

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
industrija-industriski-proizvodi

Индустриското производство во еврозоната и во Европската Унија продолжило да се намалува и во август 2026 година, покажуваат првичните проценки на Евростат.

— реклама —

Во однос на јули, производството во еврозоната е намалено за 0,5 проценти, додека во целата ЕУ падот изнесува 0,3 проценти. Намалување беше регистрирано и еден месец претходно, кога индустриското производство во еврозоната се намали за 0,3 проценти, а во ЕУ за 0,4 проценти.

— реклама —

Споредено со август минатата година, индустриското производство бележи пад од 1,1 процент во еврозоната и од 0,2 проценти во Европската Унија.

— реклама —

Најголемо годишно намалување е забележано во Ирска, каде што индустриското производство опаднало за 15 проценти. Следуваат Белгија со пад од 7,1 процент и Бугарија со 5,4 проценти.

Од друга страна, најголем годишен раст е регистриран во Холандија, од 9,8 проценти, Унгарија, од 8,8 проценти и Данска, од 8,3 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

industrija-industriski-proizvodi

Пад на индустриското производство од 4,2 проценти во февруари

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања