Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми - МВР поднесе пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманиво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в став 2 во врска со став 1 и став 4 и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 1 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „злоупотреба на службена положба“ по член 353 став 4 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице поради постоење основи на сомнение за стрено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 2 и став 3 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга - превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката. Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука.

— реклама —
— реклама —

Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. - управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници.

— реклама —

На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 2 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

„Јагуар“ удри осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено

Македонија | пред 2 часа

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања