Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Паѓа случајот за нарачката на упадот во Собранието: Обвинителството смета дека обвинетите не можат да бидат гонети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-24-at-11.51.17

Обвинителството смета дека не може случајот „Организатори на 27 април“ да се води понатаму, бидејќи има правна пречка. Овој случај требаше да го одгатне прашањето: Кој го нарача и кој го спроведе насилниот упад во Собранието на 27 април?

Обвинителството, мислењето го достави до Кривичниот суд, кој треба да донесе одлука дали ќе ја запре постапката. Според Обвинителството, треба да се запре постапката, но одлуката е во рацете на судот и треба да ја донесе идниот месец. Ако постапката се запре, сите обвинети ќе бидат ослободени. Потегот на Обвинителството доаѓа по напатствија од Апелација, кои ја укинаа првата пресуда на Кривичен суд

„Обвинителството достави мислење до судот дека во конкретнниот случај постои правна пречка за поднесување на обвинение за што треба да се донесат решенија за запирање на постапката. Јасно и прецизно посочуваат дека има правна пречка за таа постапка да може да се води поради примена на законот за амнестија примената“, вели Еленко Миланов за „Скопје1“, адвокат на Миле Јанакиески во овој предмет.

— реклама —

Предметот го покрена ОЈО-ГОКК, а истрагата ја водеше ексобвинителката Вилма Русковска.

Обвинети беа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.

— реклама —

Дванаесет обвинети, меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

— реклама —

presuda-27-april

Изречени пресудите за „Организатори на 27 април“, затвор за Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски, еве кој колку доби ...

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна. Ексминистерот за образование Спиро Ристовски доби казна затвор од шест години и три месеци, во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор. На ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески му е изречена шест години и три месеци во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор. Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски доби шест години затворска казна

Македонија | пред 5 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања