Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пакистан: САД и Иран во наредните 24 часа ќе потпишат мировен договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4kd02s9j2kut3Rioit6
wikimedia commons

САД и Иран постигнаа рамка за мировен договор по повеќе од три месеци војна, а првичниот договор би можел да биде потпишан во следните 24 часа, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

— реклама —

Пакистан, кој посредува во разговорите, се подготвува за електронско потпишување на договорот, по што следната недела треба да започнат технички преговори за неговата имплементација.

— реклама —

И Вашингтон и Техеран вчера сигнализираа дека се блиску до договор за прекин на конфликтот. Висок претставник на американската администрација изјави дека двете страни се согласиле околу текстот на документот и дека се очекува потпишувањето да се случи во наредните денови.

„Поблиску сме до мировен договор отколку кога било досега. Финализирањето најверојатно ќе се случи во следните 24 часа“, напиша Шариф на социјалната мрежа Икс, оценувајќи дека станува збор за историски договор кој може да постави темели за траен мир.

— реклама —

Според нацрт-условите за кои пишува Ројтерс, САД би можеле да ослободат дел од замрзнатите ирански средства и да ги олеснат санкциите за извоз на нафта, додека Иран би презел одредени обврски поврзани со пловните правци и идните разговори за нуклеарната програма.

Сепак, и понатаму постојат разлики меѓу двете страни. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Техеран не прифаќа целосно демонтирање на својата нуклеарна програма, иако потврди дека преговорите напредуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 16 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања