Пакистанци во Македонија пренесувале мигранти кои наместо во Грција, завршија во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
migranti

На 09.02.2022 во 01.40 часот во околината на с.Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица - мигранти (16 од Индија и 3 од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која, откако ја прифатиле, имале намера да ја пренесат во Република Грција.

— реклама —

За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик и во текот на денот (10.02.2022) ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1. Останатите 16 лица мигранти биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања