На еден датум, Љупчо Палевски-Палчо планирал две прослави. Едната по повод неговиот роденден кога наполни 59 години, а втората за првиот роденден на партијата „Десна“. 12 декември е тој датум. Планот не се реализираше, бидејќи Љупчо Палевски-Палчо доби статус на осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, тројца негови сопартијци се гонат за помагање при киднапирањето и убиството, а еден за помош при негово бегство.
„’Десна к’оја се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и димензиите на сите знамиња кои се употребуваат во државава“, стои во една од објавите на партијата, објавена на 29 ноември, два дена откако беше убиена Вања.
Наместо прослава, Палчо, 12 декември го дочека во турски занадани. Исто како и сопартијците Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Стефан Димковски – кои се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За сите заедно, Обвинителството тврди дека има и материјални докази кои покажуваат и докажуваат како ги киднапирале Вања и Панче за подоцна да ги убијат. За Димковски, Обвинителството е децидно дека му помогнал на Палчо при бегството.
Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор кој ќе му трае 40 дена, додека останатите обвинети во 30-дневен притвор.
[Профили] Сите имаат деца и се познаваат со Палчо - кои се осомничените за убиството на Вања
Двајца велешани, двајца скопјани и еден штипјанец. Ова се петте лица осомничени за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска. Заедничко за сите е што имаат по две полнолетни деца и не се осудувани. Дел од нив, споделувачи на ликот и делото на Љупчо Палевски-Палчо – осомничен како организатор и реализатор на убиството на Вања, но и на убиството на Панче Жежовски од Велес. Дел од поврзувањата ги направи истрагата, дел не ги криеле ниту самите осомничени.„Скопје1“ ги направи профилите на осомниче
Македонија | пред 2 години
Љупчо Палевски од бизнисмен и политичар до контроверзна личност и ладнокрвен убиец на 14-годишната Вања
Кој е Љупчо Палевски- Палчо, човекот за кој истражните органи открија дека пукал и ја уби 14-годишната Вања Ѓорчевска, човек познат и на јавноста и на полицијата?Во 90-те години, во времето на владеење на СДСМ, моќен градежник, попознат и по прекарот УПА по неговата градежна фирма ,,Упа Ентерпрајз”. Палевски во еден период го основа и води неделникот „Старт“, познат по опозициската ориентација. Палчо ја врши и функцијата претседател на градска организација на СДСМ и е инвеститор во нивно време н
Македонија | пред 2 години
Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.