„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Палестински деца од Газа ќе бидат пренесена на лекување во Велика Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
gaza1

Во наредните недели, помеѓу 30 и 50 тешко болни и повредени палестински деца ќе бидат евакуирани од Газа и префрлени во Велика Британија на медицински третман, јави Би-Би-Си. Ова ќе биде првата група која ќе пристигне во рамки на владината програма за евакуација.

— реклама —

Операцијата се реализира во координација на британските министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) ќе биде одговорна за изборот на децата, кои ќе патуваат заедно со членови на своите семејства преку трета земја, каде што ќе им бидат земени биометриски податоци.

Одлуката доаѓа по писмо испратено минатата недела од 96 пратеници од различни политички партии, со кое владата беше повикана итно да ги евакуира болните и повредени деца од Газа. Во писмото се нагласува дека децата се во животна опасност поради колапсот на здравствениот систем и дека сите административни пречки треба веднаш да се отстранат.

— реклама —

Иако поединечни случаи на евакуација веќе беа спроведени преку иницијативата „Project Pure Hope“, досега британската влада немаше спроведено сопствена операција во текот на конфликтот. Во август властите најавија забрзување на плановите за прифаќање деца од Газа на лекување.

Сè уште не е соопштено преку која трета земја ќе помине групата, колку деца точно ќе бидат опфатени и дали ќе следуваат дополнителни евакуации. Се претпоставува дека дел од нив би можеле да останат во Британија и по завршување на терапијата да поднесат барање за азил, со оглед дека враќањето во Газа е неизвесно.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека од почетокот на војната во октомври 2023 година повеќе од 50.000 деца се убиени или повредени. Велика Британија досега обезбедуваше средства за лекување на повредени палестинци во болници во регионот и соработуваше со Јордан за доставување на воздушна хуманитарна помош.

Децата кои ќе пристигнат во рамки на оваа владина програма ќе бидат згрижени и лекувани во болниците на Националната здравствена служба (НХС). Од Министерството за внатрешни работи информираа дека биометриските проверки ќе бидат направени пред патувањето на децата и нивните старатели.

Палестинци со сериозни здравствени состојби веќе се евакуирани и во други држави – само во Италија досега биле примени повеќе од 180 возрасни и деца.

Обединетите нации предупредуваат на масовна неухранетост во Газа, а експерти минатиот месец оценија дека се реализира „најлошото сценарио“ со глад. Израел, пак, тврди дека нема ограничувања за доставата на помош и ја обвинува ОН и другите организации за неуспешна дистрибуција.

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, повеќе од 60.000 лица се убиени од почетокот на израелската офанзива. Израелската воена акција беше одговор на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а 251 лице беше киднапирано.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања