„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Палевски отстранет од судница, оти Кешишев се плаши да сведочи пред него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
kesisov-1

Обвинетиот Влатко Кешишев се плаши од првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој беше отстранет од судница. Адвокатот на Влатко Кешишев, Игор Ефремов, потсети дека Палчо веќе еднаш се обидел да изманипулира со Кешишев, давајќи му изјава за да ја препише, а потоа, да ја претстави како негова, во која стоеше дека Палчо не бил на местата каде се случија убиствата. Потоа, пред судот призна што се случило, односно кажа дека Палевски му ја дал изјавата при транспорт со насоки што да направи за следното рочиште.

— реклама —

„Неговиот страв е оправдам, нема да ја зборува вистината во негово присуство“, рече Ефремов, а Кешиев рече дека и тој сака Палевски да не е во судницата додека дава одбрана.

На ова реагираше Палевски, кој рече дека не е вистина дека тој му давал писма, кој тој требало да ги препише и да ги претстави како негови.

— реклама —

„Ова е вторпат да се кажуваат лаги без доказ. Молам да бидам присутен зошто што ниту досега не сум бил укорен на судења. Мене ми е важно да го слушам“, рече Палевски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Палевски, сметаше дека ова е само драма и сметаше дека Палевски треба да остане во судницата додека Кешишев зборува.

„Не треба судот да гог дозволи барањево. Пред блефирања, судот не треба да попушти“, рече адвокатот на Палевски.

Судијата Ивица Стефановски реши дека Палевски треба да биде отстранет од судницата поради сомнежот дека Кешишев ќе се плаши да ја каже вистината. Палевски беше изнесен низ страничниот влез на судницата, од каде што и го спроведуваат кога го носат од затворот во Шутка каде издржува притвор.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања