„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Палевски враќал долгови на Манев: Јас живеев и спиев во партијата, убиствата не ги направив ниту имам мотив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
palevski-obvineti-vanja

Љупчо Палевски-Палчо пред судот посочи дека не ги извршил убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Потоа објасни за патот во Белград и Турција, посочувајќи дека не бегал. Во исказот, адвокатот Јовица Страшевски го праша да ги опише обвинетите со кои се заедно на обвинителна клупа. Раскажуваше и какви здравствени проблеми има, но и како барал второ мислење од Србија. За мотивот на извршените убиства, рече дека немал причина да го стори бидејќи ако сакал да изнуди пари, имал (прислушувани?) материјали кои можел да ги нуди.

— реклама —

Адвокатот Јовица Страшевски: Палевски дали вие ладнокрвно ги извршивте убиствата на Панче Жежовски и Вања?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не, не сум ги извршил убиствата и грабнувањата. Немам мотив за тоа. Затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск ‘Тошиба’ одземен со записник во кој има преку 200.000 разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија. Доколку сум сакал да реализирам било какво користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ‘ферари’ и останати, но ете тоа не сум го направил. Така што не само што сум го направил, туку и немам мотив да направам такво злосторство.

— реклама —

Адвокатот Јовица Страшевски: Можете да ни го опишете интензитетот на вашето живеење, од средината на ноември до вашето апсење?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Јас предмалку го објаснив обемот на ангажманот. А дополнително на претходно објаснетите ангажмани, треба да се надворзе огромен број на состаноци, партиски. И снаоѓање со многу мали финансиски средства, за таков ентузијазам за политичко дејство.  Тоа бара буквално секојдневно и целосно посветување на започнатите проекти кои претходно ги објаснив. Може да се каже дека јас живеев и спиев во партијата. Обично спијам шест саати на ден и тоа ми е единствен одмор, а работев по 18 часа. Последните три години, бројот на комуникации се од 20 до 50 разговори најмалку. И десетина состаноци дали во седиштето во здружението претходно, а потоа политичката партија Десна. Живеев доста интензивно, особено до ноември. Вклучително и патот кој се случи на 30.11.2023 година кога заминав за Белград беше шанса да се одморам работно барем десетина дена до почеток на роденденот на партија, 12.12.2023 година е годишнина на партијата. Тие 10-12 дена планирав да ги искористам работно и затоа заминав на пат.

Адвокатот Јовица Страшевски: Ги познавате ли останатите обвинети?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Ги знам сите, освен Александар Ѓорчевски, него Влатко Кешишев го познавам, беше домаќин во партијата, вреден, патриотски расположен. Политички неук, но политички стабилен. Чесен Македонец со кој се договоривме лесно и брзо. Велибор Манев го познавам исто така од ангажманот во здружението, а подоцна, по регистрацијата и со неговиот ангажман до општинската во Велес. Амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти за пари во партијата, меѓу кои и со сведокот Стефан Димовски од Струмица. Меѓусебно имале купопродажба на некоја земјоделска механизација, па Велибор не го доплатил износот, па имаше агресивен испад на Велибор, помеѓу нив двајца на состанок на партијата. Исто така со Петрушев, му позајмил 1000 швајцарски франци, кои Велибор не ги вратил, па ме извести мене како претседател на партијата. Ми прати документ од ‘Вестер унијон’ дека му дал 1000 швајцарски франци по што јас преземав обврска и го решив тој проблем. Парите се вратени за да нема расправии и компромитација на самата партија. Велибор Манев го зачлени во ‘Десна’, Боре Видевски. Тој е скромен, дисциплиниран и посветен на работата. Не сум имал шанса социјално да се дружам со него, за подобро да го запознаам. Целокупното запознавање е последица на партиски ангажман. Што се однесува до Александар Ѓорчевски, името и презимето ги прочитав во кривичната пријава кога ми ја доставија во ќелија. Тоа е околу познанството. Во однос на патот сакав да дополнам, причината за патот ја наведов. Иако, при самото испрашување во ОЈО, обвинителот сугерираше дека сум бегал. Но насловите во медиумите не беа во прашална форма и беше тврдење. На 30.11 заминав на пат за Белград, подготовките беа идентични како што сведочеше Васко Стојков, сведок на ОЈО, кој ме возеше до Белград. Заминав со регуларна патна исправа, на регуларен патен премин, на регуларен начин. Во Белград се видов со неколку пријатели и како што го објасни Васко Стојков во своето сведочење, со професорот Чкребаљ со кого имаме плодна соработка веќе неколку години. Подоцна со регуларен пасош, се пријавив во хотел каде преноќив. Сабајлето имав уште еден состанок со невладина организација, студенти од Правен факултет. Васко Стојков имаше обврски, јас го контактирав Стефан Димковски за да ме транспортира до Турција. Во оваа прилика добро е да се објасни понижувачкото однесување на обвинителите кон мене, бидејќи поставуваа прашања на сведоците: ‘Дали сум бил пријавен и кај кој доктор, дали сум закажал операција и кај кого’, а добро им е познато на обвинителите дека во мојот исказ пред ОЈО од 05.06.2024 година, на обвинителката јасно и објаснив дека јас сакав да правам магнетна резонанца, на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца добиваш и специјалистичко мислење за неа. Тоа за мене значи второ стручно мислење пред да одлучам дали ќе се оперирам или не. Обвинителството ми одзеде куп гардероба и тетратки кои не се во листата на докази, но најважно - евтино: две ЦД од магнетна резонанца кои не постојат во записникот за одземени предмети во КПУ Затвор Скопје, што е смешно и трагично, бидејќи тие две магнетни резонанци, можам да добијам копија кога сакам од Систина, кога ми треба. Не значат ништо. А ги носев со себе бидејќи едната е од 2016 година, а другата е од 2020 година и кога ќе направите трета магнетна резонанца можете да направите хронологија на болеста од неколку години. Крадењето на две ЦД-ја на ваков беден начин, заборавиле да ги стават во записник го покажува и односот. На судот му доставив доказ од Систина каде професорот Лозанче јасно кажал и потпишал во 2020 година, јули месец.... (нз). Тоа е една од трите причини за моето патување, а за медиумите - бегство, брифирани од неколку обвинители и Јанаки Митровски за случувањата во Кривичниот суд. Познатиот шарен револуционер. Втората причина е Воениот архив во Истанбул каде требаше да земам доказ дека Баница, на 4 мај 1903 година немало ниту еден аскер, и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Република Турција да се расчисти. Третата причина зошто сум гледал карти до Минск и Москва, е мојата желба и намера да одам во Москва. Ниту сум букирал карта како што кажа обвинителката, нуту сум купил. Туку мојата желба и намера не се реализирана. Јас требаше да одам во Москва да земам копија од ногородските ливчиња од јавната библиотека во Москва, за да донесам копија за политичката партија Десна од најстариот христијански документ издаден од патријаршијата, кој го чуваат во Москва. Тоа се трите причини како 10-12 дена да се одморам од состаноци. Зборував со Велибор Манев, кој ми најде пријател во Истанбул кој зборува македонски. Требаше да се земе куќа,  ама беше тешко да се најде. Па најде во Баликсери, 200 километри од Истанбул. Еден ден ми требаше да изгубам за магнетна резонанца во Истанбул, да го направам (поткастот) Крш 114, во неделата на 03.12, кој не го направив од познати причини - бев прогласен за монструм веќе на 03 декември. Беше смешно да правам поткаст. Имав карта резервирано, но не авионска туку автобуска од Баликесир до Истанбул за да ги направам работите кои претходно ги објаснив. Не ја искористив картата и не отидов до Истанбул и добро е што не отидов, затоа што дополнително ќе беше објаснето како бегство. На 03. декември вечерта во 20 часот се правеше претрес во куќата каде живее моето семејство. Ми се јави Васко Стојков додека трае претресот, во својство на адвокат кој бил присутен и ми го кажа она што тука го просведочи, а јас ќе го повторам - 'најдобро е да си дојдеш и да си дадеш изјава, овде не си осомничен туку пресуден'. Почна расправија бев многу лут, но Васко ја прекина линијата, а во судот објасни дека инспекторот од МВР барал да спушти. Претходниот ден, Васко Стојков ми се јави и ми рече дека инспекторите прашуваат кај сум, јас кажав Баликесир, Турција. Не е точно дека сум бил недостапен за органите на прогонот. Ме праша претходно каде и кога сум сум се движел низ Дебар маало и со кое возило, а бидејќи бев лут му кажав на Стојков да почека да размислам и дека ќе се јавам за брзо и дека ќе му издиктирам кога каде и како се движам во Дебар маало. И кажав од прилика. Тврдењето низ медиуми, а во суштина е тврдење на ОЈО кое брифира медиуми дека јас сум во бегство е брутална лага. А дополнително судот и писмено му се обратив да ги издвои доказите од возилото 'ренџ ровер' со струмички таблици, има врз него криминалистичко-техничка обработка на 05 декември, возило со кое сум патувал од Белград до Турција кој нема никаква врска со кривично правниот настан за кој се судиме, а каде се пронајдени единствени 7 ДНК траги. Заедно со предметите од место на настан Дупки се ставени и овие, што немаат никаква врска со убиството на детево... И отпушоци се ставени во доказите, дадов приговор, ова е уште едно подметнување од Јавниот обвинител. Тие докази не се од место на настан, немаат поврзаност. Јас не го негирам патувањето ниту моето присуство во автомобилот 'ренџ ровер' и го молам судот да ги издвои тие предмети или да се декларираат како што треба, дека се премдети пронајдени од патување на Палевски а не од лице место. Имав контакт и со брат ми Баже Палевски, кој бил распрашан од полицијата и Обвинителството во текот на истрагата, кој потврдил дека се наоѓам во Турција. Но кажа и една многу важна работа, која во дополнителна работа која ќе биде предочена во  судот, дека единицата за насилен криминал без пишан документ на 1 декември во 17:30 часот, само 30 минути по печатење на извештајот за движење на Рено Кангу двајца инспектори отишле во село Глуво кај мајка ми во викендица да ме бараат мене, да прашаат какво возило возам и како се вика мојата сопруга. Откако дознале дека мојата сопруга не е сопственик на 'Реното Кангу', двајцата инспектори си заминале. Прашањето на кое ОЈО некогаш ќе мора да одговори, е што барале на 1 декември инспектори во Глуво, да бараат 'Рено кангу', а тоа е паркирано во центар на Скопје?

Претходно:

palevski-palco

(Видео) Палевски сведочи: Ниту сум монструм, ниту сум убиец, киднапиран сум од судот, медиумите се корумпирани

Љупчо Палевски-Палчо почна да го дава својот исказ за обвинението каде се гони дека направил план и ги убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На стартот почна да објаснува што правел во ноември, месецот кога се реализирале двете ликвидации. Неговата теорија е дека тогаш објавувал многу сензитивни документи, кои ги објавувал сам и на своја одговорност. Во одговор на првото прашање го даде и одговорот, зошто го одложил поткастот на 26.11, ден пред Вања да биде убиена.Адвокатот Јовица Страшевски: Палевски, можете да ни се претставите кои сте?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Регистрирав политичка партија и ме избраа за претседател. Интензивно 20 години се занимавам со политика, претходно правев згради. Во ангажманот, она што е во интерес на овој судски процес, ќе објаснам за последниот месец, ноември. Претходно бевме многу конфронтирани како политички субјект со актуелната Влада и со политичките процеси кои се случуваа во ноември месец. Организирав и собрав потписи за распишување на референдум, за народот да се изјасни за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Сметав и сметам сѐ уште кога се работи за историја и идентитет на еден народ, не може да биде политичко прашање за ниту еден субјект во државата, туку референдумско изјаснување на народот. Тоа беше брза акција во првите две недели од ноември 2023 година. Барањето беше формално одбиено од тривијална (неважна) причина од собраниската комисија. Потоа беа скенирани 50.000 декларации подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот епископ Агатан. Во исто време се организираа штабови, општински организации, на политичката партија Десна. Во исто време секој вторник/среда/петок/сабота и недела емитував програма во живо на неколку социјални платфори. Секој вторник во 10 часот одеше поткаст ‘Лицеум’, во среда ‘Крш дебата’ од 21 часот, во петок извршен комитет на партијата на апликацијата Зум. Имавме четири членови од Македонците во светот, па извршните комитети мораа да се емитуваат преку апликацијата Зум. Во ноември месец, освен оваа активност, заврши и проектот ‘Банкстери’ за перење на пари во Македонија, во официјални банки, поддржано од Народна банка, проект кој започна со емитување на 28.11 во 21 часот, а требаше да биде на 26.11 во 21 часот. Од причини што доцнеа неколку докази, изводи од сметки, свифтови за мега трговци со оружје од Иран кои имаа депозити во македонски банки не беа пристигнати сѐ уште тие докази, кои воедно биле последни докази кои недостасуваа, тоа беше причината за одлагање на последниот ‘крш 113’ како епизода од редовен поткаст. Во тој серијал на документи и криминал беше објавен само мал дел, оти потоа бев уапсен, а таму се наоѓа и причината за убиството на Никола Младенов. Се работи за фирма од Велес, ‘Широко езеро’ преку која се испумпани огромен број пари надвор од Македонија. Објавени се во ноември месец, 540 милиони долари, од кои сметки со веродостојни податоци, 420 милиони долари во Комерцијална банка Скопје на име на ирански државјанин замрзнати средства од Стејт департментот. И 120 милиони долари на истото лице во Капитол банка во Македонија. Во тие документи се содржани и лични податоци на иранскиот државјанин, но ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Македонија затоа што иранскиот бизнисмен продавал шахи кинески дронови на Руска федерација и не успеав да ги објавам доказите. Средствата се прилив од Србија. Потоа требаше да следат докази дека Македонија е најголема перална по Швајцарија – но, не со видеа од двор, туку со официјални банкарски документи и докази. Сето тоа го правев сам и на своја одговорност. И сето тоа од ноември 2023 година е најдобра слика за мојот лик и дело.Адвокатот Јовица Страшевски: Почнувајќи од првите прес-конференции на МВР и Обвинителство до ден денеска се носи тој товар за тебе дека си монструм и убиец. Би сакал јавно да те прашам дали се чувствуваш лично како што те прикажаа на првите прес-конференции на Обвинителство и МВР и по медиумите, дека си монструм и убиец? Барам конкретно и јасно да одговориш.Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Ниту едното, ниту другото. Мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невиност се додека не се докаже вината, пресумцијата на невиност не постои. И тоа бидејќи шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Македонија. Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи ирански државјанин шверцер со дронови да отвори нерезидентна сметка во НАТО банки на Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите, депонирани во Македонија и нејзините банки – тоа е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек, се компромитира човекот во целост, а инструментот ‘по слушнат глас’ да реагира Обвинителството – не постои. Не реагираат. Идентично како и за оружјето во овој судски процес. Медиумите се комплетно корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Една и пол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан. На прес-конференција одржана на 05 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам денеска дека постоело само едно вештачење. Јавното обвинителство до подигање на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиенот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и ДНК. Сите останати вештачења се по прес-конференцијата правени. Одговорено е кој ги брифирал со лаги медиумите, па како пример ќе наведам: Сведокот Гоце Трајковски на Каришиќ му праќал скринови од некакви инфлуенсерки од Миа Костова, новинарката Мери Јордановска, кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Сето тоа го пласирал на оваа багра позади стаклото, на корумпираните медиуми. Позади мене сместена е професија која егзистира крајно непрофесионално без ниту еден доказ, како што предмалку кажав, шпекулации од луѓе како посочениот Гоце Трајковски. Такви лаги се истурени во огромна количина. Во исто време, директорот на затворот КПУ Скопје вршел приватни истраги, ги тепал и испрашувал обвинетите, а сите разговори во порака се праќани на Гоце Трајковски. Во доказот 151 самиот Гоце се фали на инспектор Каришиќ што се дознало преку неговиот брат Сокол. Така се хранети медиумите со лаги кои сметам дека биле должни да ги проверат, за да се заштити не само мојот интегритет, туку и интегритетот на убиеното дете. Но тоа не го направија. По една и пол година од настанот не постои наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето, каде постои веројатност со него да е сторено ова кривично дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика на Десна е причина за ваквиот однос на медиумите, бидејќи сме единствена политичка партија која покренала иницијатива за референдум за многу болно прашање, во однос на бугарската агресивна политика кон нашата држава. Ова е брутален медиумски линч кои се под контрола на СДС и ДПМНЕ. Организацијата отиде и подалеку од наслови, па друга една професија што се нарекува адвокат јавно преку медиумите се прозиваа да не ме застапуваат. Подоцна ќе објаснам зошто е тоа правено. И ќе докажам како сум киднапиран од овој Основен кривичен суд-Скопје1.Распитот е во тек. Повеќе детали во следните извештаи.

Македонија | пред 8 месеци

Распитот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања