Панделевски нема вина во „Империја“, обвинението повлечено: Ова не е победа, туку задоцнета правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-libraryrhelp7lge2ll1vLY0ag

По одлуката на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против Панделевски во предметот „Империја“, тој во јавно обраќање порача дека исходот ја потврдува неговата позиција дека „против него немало релевантни докази за сторено кривично дело, но и дека последиците од повеќегодишната постапка остануваат“.

— реклама —

Панделевски наведува дека од самиот почеток укажувал оти обвинението е правно и фактички неосновано, оптоварено со сериозни процесни пропусти и без докази што би ја поткрепиле тезата за измама или перење пари. Потсетува дека против него биле водени две обвиненија, од кои првото, за наводна злоупотреба на положбата и оштетување на акционерите на „Бетон – Штип“, било повлечено уште на судење, откако се утврдило дека не постои ниту еден оштетен акционер, и покрај тврдењата за околу 150 оштетени лица.

— реклама —

Според неговото обраќање, постапката потоа била продолжена со обвинение за наводна измама и перење пари во однос на Кираца Трајковска, преземено од нов обвинител. По изјавата на Трајковска дека никогаш немала контакт со него, како и по изјавите на 14 акционери од „Фершпед“ дека немале каков било однос со него, Панделевски оценува дека станало јасно оти не постои ниту фактичка ниту правна основа за продолжување на обвинителниот акт.

— реклама —

„Со повлекувањето на обвинението, обвинителството практично потврди дека: 1. Не постои доказ дека сум презел дејствија со намера за прибавување противправна имотна корист, 2. Не постои доказ дека сум довел кого било во заблуда, 3. Ниту пак дека сум имал влијание врз одлуките на акционерите или управувањето со нивниот имот. Овој исход за мене не претставува победа, туку задоцнета институционална потврда дека правото и фактите, и покрај сè, мора да надвладеат“, вели Панделевски.

Истовремено, Панделевски нагласува дека повеќегодишната постапка оставила сериозни последици врз неговиот личен и деловен интегритет, како и врз компаниите со кои е поврзан, кои функционирале под постојан притисок, правна неизвесност и нарушена деловна репутација. Во наредниот период најавува детална анализа на правните, економските и репутациските последици, по што ќе донесе одлука за понатамошните чекори, вклучително и за начините на исправување на нанесената штета и идниот деловен ангажман.

„Очекувам овој случај да послужи како сериозно предупредување за значењето на почитувањето на основните принципи на правична постапка, законитост и професионална одговорност во работењето на институциите, особено во предмети со висок јавен и економски импакт. Како бизнисмен со повеќедецениско искуство и без ниту една дамка во своето професионално портфолио, укажувам дека обвинителството секогаш мора да води сметка за интегритетот на лицата, бидејќи штетата од вакви постапки не се нанесува само врз неправедно обвинетиот, туку и врз целото општество“, додава Панделевски.

Во овој случај, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев признаа вина, а спогодувајќи се со Обвинителството враќаа пари на државата и добија минимални затворски казни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања