„Паника во ВМРО-ДПМНЕ. Признанијата за криминалот во Титаник ја покажа нервозата кај Христијан Мицкоски“, посочува СДСМ.
Оттаму додаваат:
„Наместо да поднесеат оставки, да им се извинат на граѓаните и да побараат враќање на партите кај народот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го пуштаат Наум Стоилковски да попречува изјави на СДСМ.
Насилничките обиди на Мицкоски преку Наум Стоилковски да поречува изјави, го покажува вистинскиото лице на оваа режимска и насилничка партија.
Ништо се нема променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата партија управувана од двоецот Мицкоски - Груевски.
Мицкоски никако да научи дека вистината не можат да ја попречат“.