Промени тема
Контакт

Панова: Членовите на судскиот совет да ги почитуваат Уставот и законите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
eli08112021

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на судскиот совет да го почитуваат Уставот и интересот на граѓаните на Република Македонија, а не политичките притисоци кога денес ќе одлучуваат за именување на Вршител на Должноста Претседател на Основниот кривичен суд Скопје 1, вели Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување.

ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот совет денеска да не подлегнат под притисоците и да не донесат политичка одлука со која за в.д на Основниот кривичен суд би го избрале судијата Иван Џолев. Напротив, очекуваме членовите на судскиот совет, телото за контрола на судската власт, да ги почитува Уставот и законите и според нив, да го изберат најдобро оценуваниот судија.

— реклама —

Во законот за судови е предвидено дека ,,во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот (како во овој случај), до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“.

Изборот на Иван Џолев за в.д. претседател ќе е директно кршење на законите и Уставот, што би го нарушило угледот на Судскиот совет и дополнително ќе ја поткопа довербата во независноста при носење на одлуките, што впрочем е и во фокусот на интересирањето на ЕУ.

— реклама —

Веруваме дека членовите на Судскиот совет добро се запознаени за интересот и фокусот на Европската унија и на другите стратешки партнери на Македонија, кон имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.

— реклама —

Од тука работењето на Судскиот совет и носењето одлуки согласно Закон и Устав имаат подалекусежни влијанија од оние на кусогледите политичари во заминување.

Уште еднаш, апелираме членовите на судскиот совет да ги почитуваат законите и Уставот и за в.д Претседател на суд, да го назначат најдобриот оценуван судија, оценуван токму од страна на Судскиот совет“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања