Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1smcg046pk435JI9jSM

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да обезбеди двотретинско мнозинство со СДС или без СДС, со ДУИ или без ДУИ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги имплементира сите оние проекти ветени пред граѓаните и проекти кои евидентно даваат резултати.

— реклама —
— реклама —

„Најпрвин морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика во своето владеење од владеењето на власта на СДС и ДУИ претходно. Ние подадовме рака и направивме еден простор за да се оствари еден консензус за прашања вакви како безбеден град особено кога знаеме дека истите даваат резултати и граѓаните генерално го поддржуваат ваквиот проект. Меѓутоа еве денес уште еднаш ние се уверивме во тоа дека таа подадена рака не секогаш значи добра намера и од другата страна. Тезите коишто излегоа денес на говорница апсолутно не држат никаков простор за коментар, заради тоа што генерално на истите веќе ние дадовме и одговори“, рече Панова.

— реклама —

Пратеничката Панова резимираше дека со имплементацијата на ваквиот проект се зголемува безбедноста на граѓаните, а со самото тоа се намалува и бројот на човечки жртви од сообраќајни несреќи, истовремено потенцирајќи дека доколку се спаси барем еден човечки живот сите треба да бидеме горди. Воедно, Панова додаде дека резултатите од тест периодот од еден месец со имплементација на овој проект впрочем зборуваат дека се бележи тренд во намалувањето на изгубени човечки животи, сообраќајни незгоди како и повреди коишто се резултат на сообраќајни незгоди во градот Скопје, Тетово и Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dui-ali-ahmeti-rodenden

ДУИ честитаат Илинден: Охридскиот договор е под постојани обиди за поткопување

Македонија | пред 3 часа

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ обвинува: 90% од грантовите за спроведување на Охридскиот договор, Владата ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН ги даде на српската заедница

Македонија | пред 1 ден

dui

ДУИ: Владата изгуби 60,77 милиони евра европски грант за Коридорот 8

Македонија | пред 2 дена

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ: Уште еден странски инвеститор си заминува - Владата да одговори колку работни места се загрозени

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања