Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Панова: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе кривични пријави за прекршување на Кривичен законик од страна на Џафери и пратениците во скафандери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Eli-Panova-20.04

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Ели Панова.

— реклама —

Панова додаде:

— реклама —

Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.

Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.

Панова на прес конференцијата одгоараше и на новинарски прашања.

Прашање: За кого се овие кривични пријави, и што е суштината? Како е сторено делото, на кој начин?

Ели Панова: Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.

Прашање: Очекувате дека ќе постапи?

Ели Панова:Со оглед на тоа што сметаме дека Македонија мора да биде држава во која што ќе работат институциите особено Јавното обвинителство и судството, се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се издигне над притисоците од страна на власта и ќе постапи истото.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања