Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пановски: Смртноста од „Фајзер“ е поголема спрема „Астразенека“, „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „Астразенека“ еден случај на 100.000

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
d-r-Panovski1

Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот, професор доктор Никола Пановски. Според него, сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит, објави А1ОН.

— реклама —

„Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на ’Фајзер’ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од ’Фајзер’ е поголема од смртноста од ’Астразенека’. Од ’Фајзер’ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од ’Астразенека’ еден случај на 100.000“, вели микробиологот Пановски.

И нему му е чудно ограничувањето со вакцината на „Астразенека“ да се вакцинираат само лица над 60 години кое веќе се применува на вакциналните пунктови откако синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека одлучиле да им веруваат на искуствата на Германија и Канада кои ја сопреа вакцинацијата на помлади лица со оваа вакцина.

— реклама —

Микробиологот Пановски објаснува дека вакви забрани може да си дозволат земји кои имаат голем избор на вакцини.

Текстот во целост на:  А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања