Папата Фрањо, поглавар на 1,3 милијарди католици ги критикуваше како што кажа лицемерните верници, порачувајќи им на оние кои не сакаат навистина да ја живеат верата подобро да живеат како атеисти.
„Колку често гледаме луѓе кои одат во црква секојденвно, а потоа животот го поминуваат мрзејќи ги другите и оговарајќи ги“, истакнал за време на миса поглаварот на Католичката црква. Тој додал:
„Во таков случај подобро да не одат во црква, подобро да живеат како атеисти“.