Парадокс на правдата: Новинарката Вејсели е осудена оти го кажала името на судијата во судско известување, обвинител ја гонел за злоупотреба на лични податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarycjbj91k9nh2a3wkjVsZ

Обвинителството ја гонело, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила новинарката Љиридона Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, само затоа што во новинарско известување го спомнала името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.

— реклама —

Вејсели за „Скопје1“ изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, како што посочува новинарката, судијата Илјази изрекол казна од три месеци ефективен затвор.

„Осудена сум затоа што го спомнав името на судијата во контекст на судска одлука за сериозен кривичен случај. Казната е 700 евра за наводна злоупотреба на лични податоци“, вели Вејсели.

— реклама —

Во писменото образложение на пресудата, судијката Мишоска наведува дека на 28 октомври 2024 година новинарката, без согласност на судијата Назиф Илјази, ги користела неговите лични податоци – име и презиме – преку објави на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, со што, според судот, му нанела штета на честа и угледот во неговата професионална дејност, која ја извршува повеќе од 37 години.

Судот заклучил дека со ваквите дејствија се исполнети битните елементи на кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ од Кривичниот законик.

Од Обивнителството побаравме да ни кажат кој обвинител го поднел предлог за издавање на казнен налог против новинарката, но и зошто поднеле ваков предлог за издавање на казнен налог против новинарката која открила име и презиме на судија, што е јавна функција. До објавување на овој текст - одговор нема.

Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој оцени дека случајот претставува сериозен показател за состојбата со слободата на говор и довербата во судството.

Според Исени, сведочењето на Вејсели јасно покажува дека полицијата ѝ била целосно на располагање за нејзина заштита во момент кога била изложена на притисоци, но дека денес се случува, како што вели, „најголемиот парадокс“ – судството, кое со години било политизирано и деградирано, да се претставува како жртва.

„Довербата во правдата падна на историски минимум од околу три проценти, како директна последица на политичките инсталации и континуираните вмешувања. Истите тие кои денес зборуваат за слобода на медиумите, вчера молчеа, заплашуваа и уценуваа критички гласови“, напиша Исени.

Во продолжение видеото во кое е споменат судијата, за што новинарката е осудена:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања