ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Параглајдеристи од Украина изгубиле контрола и паднале на Галичица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
paraglajder

Во близина на Mакедонско-албанската граница, параглајдеристи од Украина изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, дознава OhridNews.

— реклама —

Несреќата се случила од засега непознати причини, околу 15 часот. Веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот по параглајдеристите. Во несреќата тешко повредена е параглајдеристка од Украина.

„Како што дознаваме, со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на албанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек. Според првичните информации еден од параглајдеристите се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со полесни. Неофицијално дознаваме дека украинските параглајдеристи, биле туристи кои самоиницијативно, без соодветна логистика се упатиле во опасна авантура, дотолку повеќе што временските услови за летање со параглајдер не биле добри, поради неповолен и силен ветер, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица. Истрагата  која ќе уследи ќе треба да утврди дали тие имале дозвола за летање и дали биле искусни летачи“, пишува порталот OhridNews.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања