Парична казна за гостилницата на „Боемска“ каде беше затекнат Христијан Мицкоски за време на eпидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boemska-1

По спроведена претходна постапка и обезбедување на сите релевантни докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две физички и едно правно лице за кои постои основано сомнение дека  сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18:00 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска“, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19. Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана. Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости. Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете физички лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, додека за правното лице предложи парична казна во висина од 150.000 денари.

— реклама —

Од кривично-правен аспект, затекнатите гости не подлежат на кривична одговорност.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања