Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Паркот „Жена-борец“ добива нов изглед: Се обновуваат патеките, зеленилото и урбаната опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Скопје
media-libraryijc420cbi8j619SkBEe

Целосната реконструкција на паркот „Жена-борец“ во центарот на Скопје се одвива со засилено темпо. Се заменуваат старите плочки, се обновуваат пешачките патеки, урбаната опрема и зеленилото, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Паркот „Жена-борец“, едно од препознатливите зелени места во центарот на Скопје, е во фаза на целосна реконструкција. Работите се одвиваат со силна динамика, а предвидено е просторот да добие обновен изглед и подобри услови за посетителите.

— реклама —

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека старите плочки се заменуваат со нови, се обновуваат пешачките патеки, а се реставрира и постојната урбана опрема. Дополнително, со хортикултурно уредување ќе се збогати парковското зеленило.

„Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван“, наведува Ѓорѓиевски.

— реклама —

Во рамки на претходните активности, обновено е и спомен-обележјето на децата бегалци, кое било вандализирано. По периодот во кој не функционирал, повторно е запален и Вечниот оган кај фонтаната.

— реклама —

Според градоначалникот, обновата на парковите и нивното редовно одржување остануваат приоритет, паралелно со создавањето нови зелени површини во градот.

„Скопје се сака со дела“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymeb1o4mc70on8CfGpAC

Жена парк – „Борец“ добива нов изглед, во тек целосна реконструкција

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
234

ФОТО: Дрво падна во Жена парк, во близина на клупа и минувачи

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања