Промени тема
Контакт

Жена парк – „Борец“ добива нов изглед, во тек целосна реконструкција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarymeb1o4mc70on8CfGpAC

Во тек е целосната реконструкција на Жена парк – „Борец“ во Скопје, со активности насочени кон обновување на пешачките патеки, урбаната опрема и зеленилото, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како што посочува Ѓорѓиевски, постојните подни плочки и пешачки патеки се заменуваат со мермерни, со цел просторот да добие поинаков и поуреден изглед.

— реклама —

Паралелно се врши реставрација на постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување се збогатува зеленилото во паркот.

— реклама —

Претходно, во паркот бил вратен и Вечниот оган кај фонтаната, кој подолг период не бил во функција.

Ѓорѓиевски посочува дека обновувањето и редовното одржување на постојните паркови, како и создавањето нови зелени површини, остануваат дел од активностите за уредување на градот.

— реклама —

„Скопје заслужува грижа што се гледа и се чувствува. Заедно му ја враќаме убавината“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

234

ФОТО: Дрво падна во Жена парк, во близина на клупа и минувачи

Скопје | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања