Партиите да не ни ја користат болката за маркетинг, градоначалникот да се извини, а ние немаме што да изгубиме, рече таткото кој го изгуби синот во пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на улиците на Кочани, во нов марш на болката и борбата за правда. Од пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко кој го загуби својот единец, 21-годишниот Томче Стојанов – се обрати во името на останатите.

— реклама —

Во емотивен говор, Стојанов упати остри критики до општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна незаинтересираност и игнорирање на семејствата на жртвите.

— реклама —

„Немојте да се плашите од нас, бидејќи не сме убијци како тие што ни ги убија децата. Советниците се платени од нас, а не покажаа ни трошка почит. Не дојдоа ниту на еден марш. Тоа е нивната благодарност“, рече Стојанов.

— реклама —

Посебен револт изрази кон в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој, како што рече, планирал да организира забава за Петровден, само неколку месеци по трагедијата.

„Во Кочани беа убиени 63 деца, а вие организирате веселба. Нема фамилија што не е завиена во црно. Простуваме за грешката, но бараме јавно извинување. Ништо повеќе“, порача Стојанов.

Освен обраќањето кон локалната власт, тој испрати и порака до политичките партии:

„Ве молиме, од СДСМ и ВМРО – оставете нè на мир. Немојте нашата болка да ја користите за политички маркетинг. Трпението ни е при крај. Немаме што да изгубиме – само вие имате.“

На крајот од говорот, Стојанов ја повтори пораката која веќе месеци одекнува од Кочани: дека правдата не е задоволена, и дека тие нема да се откажат – „ни по цена на сопствениот живот“.

Маршот, симболично организиран пред општинската зграда, доаѓа неколку дена по најавата за нови судски рочишта и во моменти кога јавноста сè погласно бара одговорност од институциите за трагедијата во која животот го загубија 63 млади лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања