Промени тема
Контакт

Партија на пензионери со поддршка на најавата за доделување еднократна финансиска помош на пензионерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), која е иницијатор на бројни мерки за подобрување на стандардот на пензионерите, изразува заинтересираност и бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите кој го најави Владата.

— реклама —

„Како партија ја поддржуваме иницијативата на Премиерот Димитар Ковачевски и Владата на Република Северна Македонија за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата.

— реклама —
— реклама —

Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди, во 2021 година, за пензионерите со ниски примања, како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравиме и подржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза“, велат од Партијата на пензионери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања