Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение реагираше на актуелната состојба во Град Скопје и однесувањето на градоначалничката Данела Арсовска, обвинувајќи ја дека градот се наоѓа на работ на колапс, додека таа „се занимава со театар и инфлуенсерство“.

— реклама —

„Додека Арсовска се обидува да биде инфлуенсерка и троши време на јавни настапи, претпријатијата штрајкуваат, а вработените немаат плати“, стои во реакцијата.

— реклама —

Од партијата додаваат дека иако нема да ја коментираат лично, посакуваат на градоначалничката добро здравје и „брзо опоравување од состојбата во која се наоѓа“. Според нив, „однесувањето на Арсовска е надвор од нејзината волја“ и покажува дека не се снајде со одговорноста што ја презеде.

„Ова не е однесување кое доликува на дама, но веруваме дека ќе успее да се стабилизира. Мандатот, за среќа на сите, ѝ завршува“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во соопштението дополнително се нагласува дека Арсовска направила серија грешки, „создавајќи тензии и соработувајќи со најголемите бандити од ДУИ“, за кои, како што велат, „се зборува дека имаат влијание врз нејзиното однесување“.

— реклама —

„Направивме грешка во проценката за неа, но тоа нема да се повтори. По нејзиниот мандат ќе следува детална ревизија на работењето во Град Скопје, за јавноста и институциите да видат кои се вистинските причини за проблемите“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryntsjntei4a7ncD2NTb6

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов: Граѓанскиот суд изрече пресуда

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Македонија | пред 8 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје | пред 11 месец

IMG_2106ll

Мицкоски за Арсовска: Државата има институции, нека постапуваат

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања