Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов: Граѓанскиот суд изрече пресуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryntsjntei4a7ncD2NTb6

Граѓанскиот суд ја одби тужбата на ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и советничката Ирена Витина против новинарот и уредник на “Скопје1”, Кристијан Ландов. Судијата Кристијан Митревски ги одби тужбените барања како неосновани.

Тројцата покренаа тужба за утврдување на одговорност за јавно поставено прашање и пренесен став за работењето и функционирањето на Град Скопје.

— реклама —

„Добро утро. Од судската постапка во Граѓански суд каде Арсовска, Витина и Глигоров ме гонеа за клевета излегувам со чист образ. Судијата Кристијан Митревски ја одби тужбата и тужбените барања како неосновани.

Ова беше класичен обид за замолчување на новинар. Наместо одговори, добив тужба. Наместо аргументи, притисок. Судот овојпат покажа дека таквите обиди не поминуваат. Денешната одлука покажува дека институциите можат да направат јасна разлика меѓу критика и клевета”, напиша Ландов по пресудата.

Предметот се судеше повеќе од година, а тужбата беше покрената додека тие беа носители на јавни функции. Предметот беше следен од ЗНМ и Коалицијата за правично судење

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

Скопје | пред 5 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје | пред 9 месеци

IMG_2106ll

Мицкоски за Арсовска: Државата има институции, нека постапуваат

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања