Паско Кузман: До мојата 111 година треба да го откријам гробот на Александар Македонски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pasko-kuzman

Археологот Паксо Кузман во своето денешно интервју се сомнева дека судскиот процес Фаланга 2 каде што тој беше обвинет, има врска и со неговото спротивставување несудениот инвеститор од Индија, Субрата Рој, во намерата да подигне проект во Љубаништа.

— реклама —

„Да, јас се спротивставив на тоа. Имав една средба со него. Кај Љубаниште има локалитети и реков дека тука треба да се внимава и да не се чепка. Можеби е тоа, не знам. Митрополитот Тимотеј тогаш ми рече дека добро сум постапил. И за Езерото кажав дека е под заштита на УНЕСКО и дека треба да се внимава“, одговори Кузман на едно од прашањата во неговото денешно интервју за МКД.

— реклама —

Вели дека сепак не сака многу да зборува за случаите Фаланга 1 и Фаланга 2.

— реклама —

Кузман и натаму вели дека има амбиција да го пронајде гробот на Александар Македонски, но додава дека денешните Македонци се Словени.

- Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство.

Целото интервју можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања