Промени тема
Контакт

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Актуелно

По синоќешното невреме кое предизвика одрони на патот Охрид-Свет Наум, од 22:00 часот на овој регионален пат кај с.Љубаниште, сообраќајот сега се одвива со наизменично пропуштање на возилата, јавуваат од АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

— реклама —

Времен режим на сообраќај поради изведување градежни активности има на делницата Струмица – Дабиље, на автопатот А2 делница Скопје -Тетово, на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино каде што има промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

— реклама —

Градежни работи се озведуваат и на автопатот А1 делница Петровец – Катланово, на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, на државен пат А1, делница Велес - Неготино. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80km/h во зоната на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања