Патриотизам не е само чукање во гради, туку да сработиме нешто за нашата земја, вели Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-41234

СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна паритја. СДСМ е партија која никогаш не бегала од одговорност. Додека другите ги ставале проблемите под тепих, ни храбро сме ги решавале. Тоа е разликата и така СДСМ ќе продолжи да работи, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по синоќешниот избор на новото ракодовство на СДСМ.

— реклама —

„За нас патриотизмот не е празен збор и само чукање во гради. Тоа не е ниту национализмот, ниту кавгата со соседите, ниту ново минато кое тие го нудат.. За нас патриотизам е да сработиме нешто за нашата земја. За нас патриотизам е да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Патриотизам е покачувањето на платите, заштита на обесправените и храбро решавање на најгорливите проблеми во змејата. Но мора да направиме уште многу.“ рече Ковачевски.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ за помалку од два месеци во општините каде има власт го покажа вистинското лице и ги блокираше сите проекти од интерес на граѓаните, но кои не се од нивни личен финансиски интерес. Опозицијата се обидува и ќе се обидува постојано да ја оцрнува и да ја омаловажува нашата работа. Таа лажно ќе нè клевети за сè и сешто бидејќи тоа е нејзиниот единствен проект, додаде тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања