Ексградоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се прости со пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Ракимовски.
„Со Аки случајно се сретнавме летото 2018 година, веднаш после неговиот инфаркт. И тогаш разговаравме колку всушност малку успешни скопјани имаме низ светот. Така, во тој разговор, се роди идеата да Аки додека е жив пее за дочек на Нова Година во своето Скопје. И така всушност се договори Парни Ваљак да свири на пречекот на Новата 2018/2019 година. Прекрасен концерт, Аки во топ форма пееше во своето Скопје. Патувај мајсторе“, напиша Шилегов.