Промени тема
Контакт

Паузирањето на разрешувањето на Коцевски не е трајно, за градоначалник на Кочани е рано да се зборува, за лидерска средба треба сериозен пристап, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е рано да се разговара за заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани, па посочи дека тие се подготвени за Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но да се разгледаат и други високопрофилни случаи за кои имаше низа реакции од јавноста. За паузирањето на разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека не е трајна одлука.

„Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние да размислуваме за избори во Кочани и кандидати за градоначалници. Прерано е за тоа да се дискутира и комбинира. Таков тип на пораки ќе биде дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Се уште 40 дена не се поминуати од овој настан, а некој размислува за избори, градоначалници“, рече Мицкоски.

— реклама —

За лидерската средба рече: „Лидерската средба е пресериозна тема за да преку медиуми се разговара. Разбрав од јавнсота дека има план, може да го соопшти преку прес, но доколку смета дека и мене треба да ме запознае, јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап“.

— реклама —

Предлозите да се формира Анкетна комисија

— реклама —

„Ги слушнав овие предлози и ова барање. И едната и другата опозициска партија, не биле задоволни од начинот како Обвинителството ја води истрагата. Тука би констатирал - прво обвинителот е истиот кој овие две политички партии го гласаа. Утрото во Кочани пред 8 часот, во просториите на МВР во Кочани пристигна со двајцата свои соработници, Ислам Абази и Гаврил Бубевски. Јасно ви е од кај доаѓаат, од кои тефтерчиња беа избрани. Тоа што не продолживме во процесот на процесот за промена на обвинителите, не значи дека сме заборавиле од каде доаѓаат и потекнуваат. Се повлековме за да оставиме простор да се даде јасен одговор и одговорност за секој кој има и најмало учество во оваа голема трагедија. Не е ова трајно. Будно ја следиме работата. Истите овие беа миленици на СДСМ и ДУИ кои сега велат дека не се заодовлни од истрагата која ја прават. Јас би ги прашал: Дали беа задоволни од истрагата за Ласкарци, Беса Транс, трговскиот центар Соравија, Модуларната болница? Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да бега, но би сакал да ја прошириме со овие судски случаи“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања