Пратеникот Павле Богоевски на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања најави негова оставка. Тој рече дека ќе поднесе оставка откако ќе се изгласа одземање на мандатот на пратеникот и бегалец Никола Груевски. Богоевски рече дека одлуката ја донел уште откако сам поднесе пријава во полициска станица.
Ваквото изјаснување следуваше откако претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прва точка на комисијата да биде оставката на Павле Богоевски.