Промени тема
Контакт

Пазарџијата Ковачевски на маса со Бугарија ги нуди македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09022022_PVRSM_Kovacevski_Otvoren-Balkan_2

За слепиот послушник на Заев, Ковачевски пазарот е на прво место наместо зачувување на национални вредности, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Пазарџијата Ковачевски одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија.

Пазарџијата Ковачевски со самото одбивање на национално единство пропушта можност едногласно да се зацементирааат позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии.

— реклама —

Со одбивање на подадената рака за национално единство значи само едно, дека пазарџијата Ковачевски наместо во коалиција со народот и на страна на државните и национални интереси, е во коалиција со Бугарија и продолжува да биде слеп послушник и застапник на политиките на заевизмот.

— реклама —

Пазарџијата Ковачевски на маса со Бугарија ги нуди македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст.

И самото одбегнување на власта да ја поддржи Декларацијата во Парламентот за титанот Гоце Делчев, е пред се поради стравот на пазарџијата Ковачевски да не се налути Бугарија кој е поголем од желбата за почит кон великанот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ја подава раката повторно и ја остава вратата отворена за национално единство и обединување за одбрана на националните интереси, заштита на македонскиот јазик и посебност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања