Промени тема
Контакт

Пецаков е револтиран! За него, одлуката за маратонот е срамна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mkd-335175

Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, објави претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски.

Стојановски кажа дека маратонот не може да се одржи поради блокираната сметка на федерацијата, што, како што додаде, се должи на лошото финансиско работење на претходното раководство. Оваа манифестација традиционално се одржуваше под покровителство на претседателот на државата.

— реклама —

На социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој вели дека одлуката е срамна, и доаѓа во година кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

„Драги мои охриѓани, но и почитувана македонска и светска јавност,

— реклама —

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија.

Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.

— реклама —

Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

— реклама —

Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.

Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, вели Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања