Промени тема
Контакт

Пецаков им порача: Џабе ви се бурните реакции, помина времето на задкулисни игри во јавните претпријатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
pecakov-65262

„Секогаш кога народот ти дава доверба, чесно и коректно е да работиш во нивни интерес, а не да ја манипулираш нивната доверба. За жал советничката Виолета Аврамоска тоа погрешно го протолкувала. Како луѓе избрани од народот за да не ја манипулирате нивната доверба потребно е да се запознаете во целост со Законите на Република Македонија, правилниците, уредбите и постапките кои се водат во инститцуиите“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

1. Поставувањето на Предлог-програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината е Законска обврска и таа се носи еднаш годишно. Значи поставувањето на оваа точка на дневен ред не е скандал и воедно тоа не значи дека програмата ќе се рализира во целост. Тоа претставува законска обврска на Локалната самоуправа.

2. Што се однесува на цената по метар квадратен, таа ја утврдува Владата на Република Македонија со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија. Во табеларниот приказ кој е во составен дел на Уредбата детално се прикажани ПОЧЕТНИТЕ цени на државното земјиште за отуѓување. Тоа значи дека Општина Охрид нема никаква надлежност за утврдување на цената на градежното земјиште.

— реклама —

3. Доколку советникот Ванчо Костоски, кој три месеци е со престој во Соединетите Американски Држави, сака да води дневна локална политика треба редовно да ги чита службените маилови, па така ќе видеше дека станува збор за техничка грешка на службите за кои веќе е испратена исправка и немаше да изнесува факти истересени од ракав.

— реклама —

Сакам да им порачам на охриѓани дека помина времето на криминално работење, задкулисни игри и раководење на јавните претпријатија со несоодветни дипломи. Можеби токму затоа се бурните реакции на одредени советници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања