Промени тема
Контакт

Пецаков: Оштетените делови на асфалтот, од денес, се третираат со нова технологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
269808157_3053306314998271_4360697877980211645_n

Оштетените делови на асфалтот, од денес, се третираат со нова технологија. Станува збор за методот на третман на оштетените асфалтни површини со „Plastasphalt“. Со овој принцип се врши санирање на оштетените делови на асфалтот, а служи и како превенција од понатамошно проширување на оштетувањата, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

— реклама —

„Позитивното за овој метод е што може да се користи и на ниски температури, за разлика од класичниот асфалт каде се потребни посебни временски услови за аплицирање. Времето за сушење на „Plastasphaltot“ е дваесетина минути по што може да се вози по него. Одлика на овој метод е долготрајност на санираната површина. Оваа технологија се употребува за пукнатини на асфалтот и помали оштетувања (ударни дупки). „Plastasphalt“ се произведува во согласност со тековните еколошки правила. За негово производство се користат рециклирани материјали, а неговата апликација е без последици по животната средина.

— реклама —
— реклама —

👉Извршив увид на активностите за санација на оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“. Оваа улица е прва на која се применува новиот пристап во санација на асфалтот. После завршување на оваа улица, активностите за санација продолжуваат и на другите делови од градот каде има вакви оштетувања“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања