Промени тема
Контакт

Пецаков: Потребно е да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-3

Измината е од прилика веќе една недела каде што со несмален интензитет и буквално енергија која што ја поседуваме. Одиме по граѓаните, тропаме по вратите, ја бараме нивната поддршка едноставно она кое што е потребно и покрај огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од 2.000 гласови, е потребно масовна излезност за навистина да дојде крајот на она зло кое надвиснало во Македонија предводено од Зоран Заев и СДСМ, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.

„Во суштина гласањето на 31-ви октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее.

— реклама —
— реклама —

Во таа цел имаме многу огромна поддршка од страна на граѓаните и се надевам дека она кое што го добивме во првиот круг и не само што се надевам, туку и убеден сум дека во вториот круг ќе имаме повеќе од дупло поголема разлика. Секако за тоа работиме. Ја гледаме атмосферата на терен и ја гледаме поддршката на граѓаните која што расте од ден на ден, и не се сомневам во тоа.

— реклама —

Охрид, а и Македонија ќе има нова власт која што ќе знае и умее како Македонија да оди во вистински правец, а секако и сите останати градови не само Охрид“, дпдава Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања