Промени тема
Контакт

Пецаков „удри“ по СДСМ: Уште еднаш го докажавте вашиот аматеризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pecak-1

Ме повикале од ОО СДСМ Охрид во соопштение во врска со информацијата дека се потребни околу 50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Македонски просветители", вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Господо од СДСМ,

Со ова уште еднаш го докажавте аматеризмот и класичното непознавање на работоте, па вие додека ја раководевте Локалната власт немавте никаков есап и ете затоа сега се соочуваме со проблеми.

Да, за жал затоа што не се испланирало како што треба сега Општината веќе обезбедува и ќе мора да обезбеди дополнителни средства за реализација.

Не знам каде биле вашите советници на денешната 10-та седница на Советот кои требало да ви пренесат, но како и секогаш во интерес на сите мои сограѓани транспарентно посочувам за што се потребни дополнителни трошоци:

- Улично осветлување, посебен тендер каде е избран економски оператор

- Канални водови во должина од 1,4 км

- Дренажна цефка

- Поставување странично водовод

— реклама —

- Нова водоводна линија со нови приклучоци

- Измешана канализација, потребно беше девијација односно одвојување на водоводна и канализациона мрежа

- Дислокација на ЕВН високонапонски кабел по цела должина

- Уште 800 метри од трасата не се влезени во целиот проект, односно е потребна нова траса

- Обврска за нови садници

— реклама —

- Армирана бетонски плочи на тротоарите кај Рамстор, кај Судот, кај Стоковна куќа Билјана и кај пресекот за Чинарот

- Нови сливници кои се поправени

- Сигнализација за паркинзи, систем кој не беше решен

- Осветлување и хортикултурно уредување

— реклама —

- Дополнителен паркинг простор...

Ех, мои драги од СДСМ,

Сето ова требало да биде решено, но за жал не се сработило, па затоа само досега се платени 15 милиони денари. Иако проектот е со финансиска поддршка од Светска банка тоа не значи дека обврските на Општината не треба да се спроведат.

Заврши времето на крадење на парите од граѓаните и времето кога граѓаните беа манипулирани и излажани од СДСМ.

Сега е време на јавно, отчетно и транспарентно работење во интерес на сите охриѓани“, вели Певаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 15 часа

— реклама —
media-library5fo4kjgphv4q1vD8iu1

(Видео) Охридската чаршија во ритамот на Здравко Чолиќ: Расположен охриѓанец го украде вниманието со својот танц

Вирално | пред 3 дена

IMG_4187

Скопјанец исчезнал на плажа во Охрид, на брегот му се најдени алиштата и телефонот

Македонија | пред 5 дена

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Утре вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Охрид | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања