Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пеев: Имаме план за нова регионална патна врска Ѓавото-Грчиште и ќе го реконструираме системот за водоснабдување во Богданци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryggup2av8mds3eZXcECH

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

Пеев посочи дека треба конечно да се стави крај на самоволието кое ги одредува општинските политики и кажа дел од проектите и плановите за Богданци.

— реклама —

„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое ги одредува општинските политики. Во програмата имаме големи планови за општина Богданци. Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и урбанистичка документација за села потребни за развој на општината. Ќе инвестираме во соларна фарма за производство на електрична енергија за потребите на пумпна станица во Ѓавото, ќе обезбедиме поврзување на сите населени места со Богданци преку субвенциониран општински линиски превоз, ќе инсистираме препораките од ИЗИИС да се исполнат и образовниот процес на основците да се врати во објектот на основното општинско училиште Петар Мусев Богданци, имаме сериозен план за подобрување на локалната инфраструктура преку патна поврзаност со нова регионална врска Ѓавото-Грчиште, реконструкција на систем за водоснабдување во Богданци, реконструкција и ревитализација на локални улици во сите населени места, обнова и изградба на детски и спортски игралишта, ќе ја доизградиме инфраструктурата во индустриските и туристичката зона, поддршката за младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани нема да биде само декларативна туку и суштинска. Културните збиднувања и настани ќе ги издигнеме на повисоко ниво и ќе бидат достапни за сите“ кажа Пеев.

Пеев ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за Богданци да стане посакувано и поубаво место за живеење.

— реклама —

— реклама —

„Во наредните 4 години општина Богданци ќе стане посакувано место за живеење, планираме да изградиме професионална и ефикасна администрација и да донесеме низа стратешки документи битни за развој на општината. Имаме обврска секоја институција, секој јавен простор и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите. Нема да биде лесно затекнавме инфраструктурно руинирана општина но имаме многу проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни, посветени луѓе со реални ветувања од една страна и луѓе кои имаат ветувано се и сешто без реализација. Направете го вистинскиот избор за општина Богданци. Заокружете број 9“ заклучи Пеев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 2 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања