Промени тема
Контакт

Пендаровски го честиташе Денот на наставата на турски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto_PRSM-Pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

„Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на турската етничка заедница да Ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

— реклама —

Јазикот е душата на еден народ и негово суштинско, идентитетско обележје. Можноста да се зборува, да се добие образование и да се твори на својот мајчин јазик е право на сите етнички заедници во Република Северна Македонија. Нашата земја претставува сплет на религии, култури и етникуми. Живеејќи заедно и празнувајќи го овој ден, упатуваме моќна порака дека одбележувањето и почитувањето на разликите нè сплотува, нè обединува и ги зацврстува и надградува меѓучовечките односи.

— реклама —

Сплотени можеме да ги надминеме сите искушенија со коишто се соочуваме. Нашата цел како држава и понатаму ќе биде градење подобар и поквалитетен живот и подобро општество за сите.

— реклама —

Нека е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик!“, кажа Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања