Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пендаровски „го затвори“ Кабинетот: нема одговори за алкохолниот семеен бизнис на шефот Бошњаковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
bosnjakovski-stevo

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски „е затворен“ откако до него пристигнаа прашања за семејниот бизнис на тамошниот шеф, Миле Бошњаковски. Молкот дојде откако „Скопје1“ пред пет дена испрати четири прашања поврзани со бизнисот со алкохол и работата во претседателскиот Кабинет на Бошњаковски. Раководителката на службата за комуникации, Билјана Радева, исто така, не одговара на пораки – што не било пракса во минатото.

Игнорирањето на темата со производството на алкохол од страна на семејната фирма на Миле Бошњаковски дојде синхорнизирано. Првиот молк го имаше од самиот Бошњаковски пред тринаесет дена. Сега, молкот доаѓа од Кабинетот со кој раководи Бошњаковски. Сите прашања се од јавен интерес, а со оглед на дејноста на фирмата.

Со оглед дека Бошњаковски извршува јавна, но и хиерархиски висока функција, прашавме дали претседателот на државата, Пендаровски, бил известен, пред семејството на шефот на Кабинет да го отпочне бизнисот со алкохол. Оттаму нема одговор.

Молк и за тоа, каква порака се испраќа до јавноста со отворање на овој бизнис, на лице кое извршува кабинетска функција кај претседателот. Пендаровски, не се огради од семејниот бизнис на Бошњаковски, а премолче и дали на ваков начин се испраќа претседателска порака за консумирање на алкохол.

— реклама —

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет, во текот на мандатот, беа едни од најтрапснрентните и најотворените институции за јавноста. Медиумите, без исклучок, добивале одговори и на најсензитивните прашања. Доколку немало одделни одговори, секогаш имало соопштенија. За првпат, по нецели пет години, Кабинетот реши да молчи.

Инаку, семејството Бошњаковски отвори дестилерија на алкохолни пијалоци. Сувиот џин White Ridge е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ и замислено е да се најде на европскиот пазар како пијалок со традиционални карактеристики. Неговото рекламирање веќе е започнато на големо на социјалните мрежи, каде се најавува почетокот на продажбата.

— реклама —

Untitled-1-1

12 прашања на кои молчи за семејниот бизнис: Бошњаковски – од војвода, до „џин“ и претседателски шеф

Додека џинот се подготвува во галичкиот крај, Миле Бошњаковски, шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, пет дена не најде причина да одговори на 12 прашања за семејниот бизнис. Дека се е тазе во семејството Бошњаковски, сосе производството на џин говори и фактот што се обидовме, но не успеавме да купиме од онлајн продавницата. Може само да се дегустира, директно во Галичник. Но за тоа треба термин. Плановите за џинот на Бошњаковски се големи за идната 2024 година –која случајно или

Македонија | пред 2 години

— реклама —

IMG_6198

До 16 часот ќе биде шеф на кабинет кај Пендаровски, потоа бизнисмен: семејно ќе произведуваат алкохол

Семеен бизнис поврзан со Миле Бошњаковски, генерален секретар и шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе пушти во продажба нов алкохолен бренд кој се произведува во неговото место на потекло - Галичник, пишува Фактор.Во текот на изминатото лето семејниот бизнис на поранешниот портпарол на Владата регистрираше две подружници - една дестилерија за алкохол во Галичник, и уште една за дистрибуција на алхолни пијалоци. За краток период семејната дестилерија на Бошњаковски го брендираше

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања