Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Пендаровски и министри од прв ред го следеа „Одлучен удар“ на Криволак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-5-1

Воениот полигон во Криволак беше домаќин на најголемата воена вежба „Одлучен удар“. Учество земаа пет земји членки на НАТО, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и македонската армија како претендент за членство.

На воената вежба присуствува и претседателот и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министри во Владата, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

„Со 2700 припадници, од шест држави, заедно со Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора ги усогласуваме нашите сили како вистински сојузници, разменуваме знаења и ја зголемуваме  меѓусебната доверба. Колективната одбрана која се остварува преку интероперабилност, интегрирање на конвенционалните и силите за специјални операции на повеќе држави е особено важна за времето во кое живееме. Предизвиците со кои се соочува секоја земја се преголеми за да имаме индивидуален пристап. Радикализирани поединци, групи, како и меѓународниот тероризам се постојана  закана за нашата безбедност и нашите вредности. Постојат и нови хибридни закани, актери со цел да го нападнат нашиот сајбер простор и со тоа да наштетат на нашиот начин на живот, истакна пред присутните претседателот Пендаровски.

— реклама —

Според него вежбата „Одлучен удар“ е доказ дека можеме да се справуваме со безбедносните предизвици и дека нашата Армија е  компатибилна со армиите на нашите сојузници од НАТО.

„Како врховен командант ги поддржувам реформите во одбраната и безбедноста и развивањето на професионална и модернизирана Армија.Како држава имаме обврска да го зголемиме одбранбениот буџет на 2% од БДП до 2024 година. Ова е реална цел и ќе ја оствариме, рече претседателот.

— реклама —

Претседателот на сите учесници во „Одлучен удар“  им оддаде признание за професионализам, вештини и обученост и тимска работа за успешната и  беспрекорна воена вежба.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања