„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пендаровски или Спасовски за Вила Водно? - СДСМ на неколку месеци пред избори без одлука

објавено пред 2 години -

Македонија
pretesedatel-14141

Терминот недоговорен, а партиските кујни плетат комбинации кој кандидат ќе истрча од Бихачка за петгодишен претседателски мандат. Дали актуелниот Стево Пендаровски има шанси со партиска поддршка од СДСМ и ДУИ да остане во Вила Водно, овојпат со многу послаба граѓанска поддршка и без поддршка од Шарената револуција? Дали Оливер Спасовски ќе ги исполни амбициите да стане татко на нацијата или ќе се задоволи со челната позиција во СДСМ доколку Ковачевски се повлече? И каде е во играта Радмила Шеќеринска, за која партиски извори велат дека може да ги помати конците приближувајќи се кон ДУИ?

— реклама —

Многу прашалници и шпекулации за владејачка партија на неколку месеци пред законското распишување на изборите. И згора на сѐ и отворените прашања каде е тука Зоран Заев, дали само од заднина ќе ги влече конците или ќе влезе во директна претседателска трка, но и дали по неколку годишен молк и уживање во безгрижните и удобни пензионерски денови кандидатот ќе зависи и од Бранко Црвенковски?

Стево Пендаровски сѐ уште нема официјаен став дали сака по трет пат да излезе на терен како претседателски кандидат без партиски дрес, но со партиска поддршка, бидејќи е свесен дека како соло играч кај нас нема теоретски шанси. Иако мандатот го измина во уверување на јавноста дека е независен, сепак независните му забележаа дека поддржа значајни владини проекти како измените на Кривичниот законик, автопатот Бехтел и Енка. Партиски информации велат дека на сондирањата на мислењата Пендаровски стои подобро од Оливер Спасовски и дека подобро минува кај граѓаните со зачестените непосредни средби и проекти кои ги тера од почетокот на мандатот. Спасовски, пак, е поомилен кај тврдото партиско членство, но и него секојдневно го гледаме во засилена ПР кампања, не само во улога на министер за внатрешни работи, туку и како заинтересиран и загрижен граѓанин.

— реклама —

Картите не ги отвора ниту лидерот на СДСМ Ковачевски, за кого е сѐ уште рано да се говори за избор на кандитат и дека сите имаат подеднакви шанси. Настапува со познатата реченица која ја користи кога има многу дилеми во СДСМ: има посебна процедура по која ќе биде избран новиот кандидат за претседател.

Од СДСМ велат дека сѐ уште немаат разговарано, но дека има време и ќе ја стават на заедничка маса и можноста за заеднички претседателски кандидат со коалициските ДУИ и Алијанса на Албанците, како дел од европскиот фронт. Шансите за нивниот кандидат се тенчат во вториот круг, кога е јасно дека здружената албанска опозиција ќе ја даде поддршката на фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во развиените демократии ногу порано се соопштува името на партиските кандидати, за да можат граѓаните да се запознаат детално со нивните програми. Кај нас за сите, па и за претседателските избори како да се чека последниот час, да завршат сите внатрепартиски превирања, па на „демократски“ начин да се избере кандидатот, но се тактизира и на варијантата да се насети кој ќе биде фаворитот во противничкиот табор.

Утре на „Скопје1“ читајте: Во ВМРО-ДПМНЕ многу претенденти, анкети и желби за претседателски кандидат, но без звучно име

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања