Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пендаровски изгуби од Иванов, ќе победи ли против Силјановска?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Претседателските избори во Македонија 2019 се редовни, шести, претседателски избори кои ќе се одржат на 21-ви април.  СДСМ и ДУИ вечерва го обелоденија името на консензулниот кандидат кој ќе се бори за претседателската фотеља. Тоа е Стево Пендаровски, човкот кој во моментов е национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО.

Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

— реклама —

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

— реклама —

Сега веќе кога се знаат кандидатите за претседател од поголемите партии, започнува освојувањето на симпатиите од електоратот.

Главен против кандидат на Пендаровски, му е кандидатот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

— реклама —

Да се потсетиме, Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори во 2014 год. Тогаш за избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Во 2014 водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале. Во вториот круг се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.

— реклама —

На минатите претседателски избори ВМРО ДПМНЕ победи со над 136 000 гласови разлика.

Како ќе биде годинава, останува да видиме, но пред тоа да проследиме и каква кампања ќе понудат партиите и кандидатите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања