Пендаровски: Јас немам информации дека Османи од Захариева добил некаков сет предлози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PRSM-Pendarovski-DiePresse

-Министерот Бујар Османи демантираше дека добил нешто при посетата на Бугарија. Јас како претседател немам добиено ништо писмено ниту вербална информација за било каков сет на барања од бугарска страна, истакна Претседателот Стево Пендаровски вечерва во  гостување во Телма.

— реклама —

Претседателот додаде дека со министерот за надворешни работи  Бујар Османи, се слушнал завчера кога се вратил од Софија и вчера повторно и дека Османи не му спомнал никакви сет на предлози, дека Софија предлага да потпишеме дека ќе го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.

– Нема такво нешто, мислам на некаков договор –рече Пендаровски и додаде дека заедничките комисии ќе се состанат утре и задутре во Скопје околу расчистување на историски несогласности кои Македонија и Бугарија ги имаат со децении.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања